Исповед што ја збунила јавноста: „Тато ќе добие друга ќерка и ќе и го даде истото име како и мене“

Дали би било чудно за вас ако вашата сестра или брат имаат исто име и презиме како вас?
Изборот на име за дете може да биде вистински предизвик! Сепак, фокусот на оваа приказна е невообичаена ситуација, барем според зборовите на една тинејџерка.
Имено, 18-годишната девојка била многу изненадена кога открила дека нејзиниот татко сака да и го даде истото име како нејзиното на неговата друга ќерка
Девојката ја опишала оваа ситуација на Redit и побарала совет затоа што, како што рекла, „се чувствува непријатно поради таквата одлука, а нејзината маќеа ја обвинува дека уште сега е љубоморна на бебето“. Открила дека никогаш не била блиска со нејзиниот татко и дека до неодамна тој дури и’ не бил присутен во нејзиниот живот.
„Моите родители не сакале да имаат деца, но се случило. Го носам неговото презиме, но тој не беше присутен во мојот живот до минатата година а во моментов живеам со него”, напишала таа. Девојката истакнала дека нејзиниот татко има нова сопруга и дека минатата година ја запознала нејзината маќеа:
„Мислам дека не се сакаме. Таа е бремена сега, а бебето ќе се роди во јуни околу мојот роденден. Јас се викам Росан (Roseane) и како што реков, го носам презимето на татко ми. Татко ми е многу возбуден од бебето, што е претпоставувам добро, но тој и неговата сопруга сакаат да му го дадат на бебето името Росана, исто како моето. На маќеата розите и се омилено цвеќе”, опишала таа. Таа продолжи дека не и се допаѓа идејата дека нејзината сестра ќе има исто име и презиме како неа.
„Мојата маќеа вели дека сум себична бидејќи сум љубоморна, бидејќи тато го сака ова бебе. Тато вели дека треба да бидам позрела и не треба себично да го чувам своето име. Искрено, не знам кој е во право”, заклучила таа.
Корисниците на Redit исто така го дале своето мислење и главно се согласиле дека ситуацијата е збунувачка.
„Неправедно е и кон тебе и за бебето да имате исто име. Чудно е што татко ти сметал дека тоа е добра идеја”, е еден од коментарите. Други веруваат дека таткото сака да се обиде да го „промени минатото“, имајќи предвид дека до неодамна не бил присутен во животот на неговата постара ќерка, пренесува Mirror.
„Освен што е збунувачко, се чини дека едно дете се обидува да замени со друго. Тоа не е правилно”, рекла трета. “Едноставно не им давате исти имиња на децата.Тоа не се прави”, рекле многумина и застанале на страна на авторката.

Извор:index.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) БИЛА МИС: Има 16. години но и прогерија – за една година дпбила изглед на старица

Раизел Грејс Калаго (16) е убава тинејџерка од Филипини. Сепак, минатата година, таа почнала да …