(ВИДЕО) Во пресрет на Оскарите се појавиле белешки на член на Академијата: Ги исплукал номинираните филмови!

Престижните Оскари се одржуваат ноќта од 25. на 26. април, а во пресрет на церемонијата, во јавноста се појавиле белешките на еден член на Академијата, пишува Hollywood Reporter.
Дури осум играни филмови се натпреваруваат во трката за Оскар, а за номинациите и победниците одлучуваат членовите на Академијата со гласање секоја година. Членовите се актери и добитници на Оскар.
Во белешките кои доспеале во јавноста, член на Академијата го критикува филмот Mank.
„Навистина го сакам Дејвид Финчер како режисер, но Mank е здодевен и премногу и се додворува на публиката“, пишува во белешките.


Тој филмот „Чикашка седумка“ го опишал како просечно телевизиско достигнување кое не заслужува да победи. На режисерот на тој филм Арон Соркин, му порачал дека е лош и дека е подобар во пишувањето.
Со сите критики имало и пофалби.
„Minariи е прекрасен и мислам дека има најголеми шанси за победа, но исто така е и исцрпувачки бавен. Звукот на метал е исто така доста бавен, но актерите се одлични”, напишал анонимен член на Академијата. Тој исто така ги пофалил филмовите „Татко“ и „Девојката ветува“, но смета дека филмот „Земја на Номадите“ треба да победи оваа година.


Тој во белешките забележал дека неговото мислење не го одразува мислењето на другите членови на Академијата.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На овој филм му се предвидуваат три Оскари

Само што помина премиерата на „Кошмарната уличка“ (Nightmare Alley) на Гиљермо дел Торо, почнаа да …