(ФОТО) Трикови во уредувањето на мал стан кои го намалуваат стресот

Живеењето во мал простор ни носи многу предизвици, а недостатокот на простор може да предизвика стрес. Сепак, постојат трикови во дизајнот на ентериерот кои ќе ви помогнат да се чувствувате поудобно.
Можете да го ублажите стресот со реновирање на просторот од време на време и разместување на работите.
Неколку терапевти за „Инсајдер“ открија трикови кои го отстрануваат стресот на мал простор.

Овозможете повеќе дневна светлина
Преполн простор, особено ако нема прозорци, може да создаде вознемиреност и да предизвика напад на паника.
Со помош на трик со огледала можете да создадете повеќе дневна светлина во станот – поставете повеќе големи, што ќе го подобри впечатокот за пространост и светлина.

Преградете го просторот
Иако чувството на „стегнатост“ во тесните простори може да биде стресно, отворените простори исто така можат да предизвикаат непријатност.
Престојот во една голема просторија го отежнува поврзувањето со околината, бидејќи отвореноста на просторијата може да доведе до чувство на осаменост.
Просторот можете да го поделите со интересни паравани или ормани.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сте ИЗГОРЕЛЕ на сонце? Еве што да направите кога кожата после сончање ќе почне да ви се лупи!

Важно е редовно да користите крема за сончање и да избегнувате изгореници. Секое лице барем …