НЕ ЗЕМАЈТЕ НА СВОЈА РАКА: Проверете ги сериозните нус појави од претерувањето со витаминот Д!

Научниците и медицинскиот персонал предупредуваат на неселективна употреба на витамински додатоци среде пандемија на коронавирус, вклучувајќи злоупотреба или прекумерно внесување на додатоци во исхраната со витамин Д, што може да има контраефект и да биде многу опасно за здравјето.
Во обид да го подобрат имунитетот и на тој начин да се заштитат од коронавирусот, поединците внесуваат поголеми количини на егзогени супстанции или соединенија кои ја менуваат функцијата на ендокриниот систем со брзина на која не е навикнато телото, што може да биде опасно, како на пример витамин Д.
На телото му се потребни одредени супстанции за да се развива и да функционира здраво. Некои од нив се витамините кои придонесуваат за правилно функционирање на организмот. Витаминот Д специфично придонесува за апсорпција на калциум, еден од факторите важни за градење на коските.
Но, тоа не е неговата единствена улога. Подеднакво придонесува за здраво функционирање на нервниот, мускулниот и имунолошкиот систем, поради што во ерата на пандемијата на коронавирусот, дополнителното количество витамин Д е важно за зајакнување на имунитетниот систем.
И’ токму тоа е причината што многу луѓе во времето на пандемијата „сами“ започнаа да земаат додатоци богати со витамин Д, но негативните последици веќе се појавија.

Тешки последици
Истражувањата покажаа дека на голем број пациенти со ковид-19 им недостасува доволно количество витамин Д, поради што е инициран трендот на внесување поголеми количини на овој витамин за заштита од вирусот.
За само неколку месеци, научниците преминаа од предупредување за недостаток на витамин Д кај населението до предупредување за злоупотреба и неселективна употреба на додатоци кои се нудат за зајакнување на имунитетот, пишува шпански El Pais.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОЛКУ ОРЕВИ, А КОЛКУ ДРУГИ ЈАТКИ ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ ДНЕВНО: За максимална корист!

Јатките се важен дел од здравата исхрана, заедно со свеж зеленчук и овошје. Ниту една …