НБА светот во шок, загинал голем талент

Америка ја погоди голема спортска трагедија, со загинувањето на талентираниот кошаркар Теренс Кларк, во сообраќајна несреќа.
Теренс Кларк имал само 19. години и сонувал НБА соништа, планирал да оди и на следниот драфт од Кентаки, а неговата смрт во Лос Анџелес ја завитка во црно американска кошарка, па последната НБА вечер беше фрлена во сенка, во која беаодиграни шест мечеви.
„Тешко ми е, не сум добро. Младото момче кое сите го сакавме го загуби животот прерано, сите негови соништа и надежи беа пред него. Теренс Кларк беше прекрасно дете, некој што ги исполнуваше сите простории во кои влегуваше, со својата личност, насмевка, радост. Тој привлекуваше луѓе, и сега е тешко да се прифати оваа вест. Сите сме во шок“, изјави легендарниот тренер Џон Калипари.
Тој е во комуникација со тимот, кој тешко ја поднел потврдата за најстрашната вест.
„Неговите соиграчи и браќа го обожаваа. Неговото семејство знае дека ние сме тука за нив, што и да им треба. Одам во Лос Анџелес да бидам со мајка му и семејството. Ова е тежок период за сите“, рекол Калипари.
Кларк го најави својот настап на драфтот во НБА во март, надмина една повреда и му предвидуваа светла иднина.

Во последната сезона, откако ја повреди десната нога, тој одигра шест натпревари со просек од 9,6 поени, 2,6 скока и 2 асистенции.
Оваа вест ги погоди и Брони Џејмс, синот на Леброн и самиот ас на Лејкерси, заедно со многу други играчи, како што се Бредли Бил и Донован Мичел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @bronny

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LeBron James (@kingjames)

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Хамилтон во Сочи до 100 -та победа, Норис се коцкаше со дождот

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше во трката за Големата награда на Русија. Британецот во …