ИНДИСКИОТ СОЈ ПРИСТИГНАЛ ВО ЕВРОПА: Сојот корона кој ги „уништува“ азиските држави пронајден во Белгија!

Варијантата на ковид 19, која е широко распространета во Индија, е откриена во Белгија од група индиски студенти кои пристигнале од Париз, објавија белгиските власти.
Група од 20. студенти била ставена во карантин на северот на Белгија, каде што дошле на курсот во средината на април, пренесува „Гардијан“.
Неколку експерти сугерираат дека тие можеби биле жртви на „супер-заразен“ член на нивната група или друг патник во автобус што ги донел од Париз во Белгија.
„Овие студенти ја почитуваат строгата изолација од нивното пристигнување. Од 43. студенти, 20. се заразени со индиската варијанта“, твитнал микробиологот Емануел Андре од Католичкиот универзитет во Левен.
Групата во Париз слетала на 12. април.
Неколку студенти почнале да имаат симптоми на вирус пет дена подоцна, рекол вирусологот Марк ван Ранст.
Варијантата B.1.617 веќе се појавила и на други места, вклучувајќи ги САД, Австралија, Израел и Сингапур, пренесува „Гардијан“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ДЕЗЕН НА АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ – Џорџина предизвикала дебата поради овој фустан: „Кардашијанка барем ги троши своите пари, а не на Роналдо“

И’ додека Кристијано Роналдо моментално минува низ најтурбулентниот период во кариерата, поради кој неодамна се …