12. намирници кои треба да се јадат за појадок – ако сакате да ослабнете

9. Чиа семе
Ситни, но моќни, семето од чиа се одличен додаток на појадокот. Тие се богати со растителни влакна и протеини, а можете да ги ставите во чај, овесна каша, смути … Истражувањата покажаа дека додавањето чиа семе на појадокот помага во слабеењето.

10. Овесна каша
Овес е нискокалоричен појадок богат со растителни влакна и протеини, две состојки кои влијаат на апетитот и регулацијата на телесната тежина. Во овесната каша можете да додадете бобинки, банани, мед … за да биде уште повкусно.

11. Ленено семе
Семето од лен е богато со растворливи влакна кои го зголемуваат чувството на ситост и го намалуваат апетитот. Можете да ги посипете со житни култури, да ги користите за згуснување на смути или да ги мешате со вода за да го зголемите внесувањето на влакна.

12. Јатки
Јатките (ореви, бадеми, лешници…) се богати со растителни влакна, протеини и здрави масти, а истражувањата покажаа дека додавањето јатки во исхраната помага во слабеењето. Треба да имате предвид дека тие се многу калорични, затоа ограничете го дневниот внес на 20. до 30. грама.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) РУСИНКИТЕ СЕ КОЛНАТ ВО ОВОЈ НАПИТОК ЗА СЛАБЕЕЊЕ: Благодарение на него, тие се толку витки!

Само измешајте ги двете состојки и пијалокот е подготвен Русинките се познати по витката линија …