Чоколаден колач „со чаши“: Десерт кој ќе го подготвите за пет минути

Во моментот кога копнееме за нешто слатко, а немаме никаков десерт дома, обично имаме волја да направиме само наједноставни колачи кои не ни одземаат многу време. Токму таков колач е овој – брз чоколаден „со во чаши“. Ова е уште една варијанта на лесни колачи за кои не ви е потребна ниту вага, бидејќи наједноставната чаша од 2 дцл служи како мерка за сите состојки.
Состојки за чоколаден колач во чаши:
– 3 големи јајца
– половина чаша шеќер
– половина чаша какао во прав
– 1 чаша остро брашно
– 1 чаша кисела павлака
– половина чаша масло
– половина кесичка прашок за пециво
– 2 лажици екстракт од ванила (или 1 ванилин шеќер)
Подготовка:
1. Подмачкајте плех за печење (округол или правоаголен, по желба) со малку масло или путер и посипете со брашно. Вклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови.
2. Во еден сад измешајте ги сите суви состојки – шеќер, какао, брашно и прашок за пециво. Во друг сад додадете ги јајцата, маслото, павлаката и екстрактот од ванила и кратко мешајте додека не се соединат состојките.
Потоа додадете ја мешавината од суви состојки, мешајте една минута и истурете во подготвениот плех за печење.
3. Печете го колачот околу 30 минути, во зависност од јачината на рерната. Готово е кога ќе се оддели од рабовите на калапот а за да бидете сигурни дека е готово, прободете го на средина со чепкалка за заби. Ако на неа нема влажни остатоци од смесата, колачот е печен и можете да го извадите од рерна.

Оставете да се излади, украсете по желба и послужете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Семки од сончоглед – толку здрави а често запоставени

Научните студии покажале дека семето од сончоглед содржи супстанции кои помагаат за побрзо заздравување на …