Премалку сон се поврзува со поголем ризик од една од најсмртоносните болести во светот

ЛИЦА на возраст меѓу 50. и 70. години кои спијат шест часа или помалку ноќе се изложени на зголемен ризик од развој на деменција, според новата студија спроведена на скоро 8.000 возрасни Британци чии навики, хигиена на спиењето, квалитетот на сонот и дневниот ритам биле следени повеќе од 25. години Да потсетиме, на крајот на минатата година, СЗО ја рангираше деменцијата меѓу десетте најсмртоносни болести во светот.
Студијата, чии резултати беа објавени во вторникот во списанието „Nature Communications“, укажува на зголемен ризик од развој на деменција (од 20. до 40. проценти) кај луѓе на возраст меѓу 50. и 60. години кои спијат шест часа или помалку навечер, во споредба со оние кои спијат околу седум часот.
Студијата е спроведена од научници од Францускиот национален институт за здравствени и медицински истражувања (Inserm) и Универзитетот во Париз во соработка со Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL).
Научничката Северин Сабија (Inserm/UCL) и нејзините колеги, исто така, забележаа 30% поголем ризик од развој на деменција кај луѓе на возраст меѓу 50.и 70. години кои пријавиле системски кратки периоди на спиење, без оглед на нивното потенцијално кардиоваскуларно здравје или проблеми со метаболизмот, како ментални, како што е депресијата, и сите се фактори на ризик за развој на деменција.


Како дел од студијата, учесниците самостојно го процениле времетраењето на спиењето во шест наврати помеѓу 1985. и 2015. година, а во 2012. година, 3.900 од нив добиле акцелерометар што бележи податоци за ноќниот сон, за да ја потврдат точноста на нивните проценки. Индикаторите ги потврдиле претпоставките за развој на деменција кај такви лица во периодот до март 2019. година.

 

СЗО: Секоја година скоро 10 .милиони нови случаи на деменција
Според Светската здравствена организација, скоро секоја година во светот се регистрираат до десет милиони нови случаи на деменција, вклучително и Алцхајмерова болест.
Кај луѓето кои страдаат од деменција, на развојот на болеста честопати претходи слаб квалитет на сон, како што е често будење во текот на ноќта или недоволно спиење, како што сугерираат повеќе истражувања.
Истражувачите, исто така, забележале опасност од поголем ризик од развој на амилоидна плоча во мозокот, протеин поврзан со деменција кај луѓе кои се буделе повеќе од пет пати во текот на ноќта, поради што од Inserm укажуваат на важноста на добра хигиена за спиење за здравје на индивидуата.


Идните истражувања веројатно ќе можат да утврдат како подобрувањето на навиките, кога станува збор за спиење, може да придонесе за спречување на развој на деменција, пишува „Nature“.
„Во меѓувреме, најдобрите начини да се намали ризикот од развој на деменција и да се одржи мозокот здрав во староста се откажување од пушење, умерено консумирање алкохол, редовна ментална и физичка активност, урамнотежена исхрана и контрола на нивото на холестерол и крвен притисок“, вели д-р. Сара Имарисио од Здружението за истражување на Алцхајмерова болест.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Семки од сончоглед – толку здрави а често запоставени

Научните студии покажале дека семето од сончоглед содржи супстанции кои помагаат за побрзо заздравување на …