Почина академик Богомил Ѓузел

Македонскиот поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач, академик Богомил Ѓузел, почина на 82. години по кусо боледување.
Ѓузел е поет, раскажувач, драмски писател, есеист – припадник на третата повоена генерација македонски писатели, што се појавува во втората половина на 1950-те години на минатиот век и која со своето дејствување изврши пресудно влијание врз процесот на дедогматизацијата и модернизацијата на македонската книжевност.
Ѓузел важи за најзначаен македонски преведувач и препејувач на поезијата од англофонското книжевно подрачје. На македонски јазик во негов превод се достапни најпознатите драмски дела на Вилијам Шекспир.


Ѓузел е роден на 9. февруари 1939. година во Чачак, Србија. Негова сопруга беше писателката Лилјана Дирјан која почина во 2017. година. По бугарската окупација во 1941. година неговото семејство доаѓа во Скопје, каде Ѓузел израснал и се школувал.
Во 1963. завршил англиски јазик и литература на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј”. Во 1964/65 година бил на постстудиски престој на Универзитетот во Единбург, како стипендист на Британскиот совет.
За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е избран на 4. јуни 2012. година. Неговиот творечки опус опфаќа повеќе од 230. библиографски единици.
Погребот ќе биде утре.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националната опера и балет во чест на „Мајските оперски вечери“ со серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“

Месецот мај за Националната опера и балет е од особено значење, месец во кој се …