НЕВЕРОЈАТНИ податоци од истражување! Третина од луѓето кои ќе прележат ковид ја имаат ОВАА  ДИЈАГНОЗА!

Проблемите не престануваат после две недели изолација и негативен тест…
Една нова студија спроведена на Универзитетот во Оксфорд ја донесува информацијата дека 34. проценти од пациентите кои го прележале вирусот корона доживуваат една работа како симптом – невролошко пореметување.
Една од најтешките работи која се врзува со оваа болест е фактот дека проблемите не престануваат после 14. дена карантин.
Продолжениот ковид носи симптоми како што се замор, губење на вкус и мирис, останување без здив и болка во мускулите, според постарите истражувања.
Но, денес, студијата даде нови резултати и тврди дека една третина од оние кои ја имале оваа болест сè уште страдаат од особено загрижувачки симптом, и тоа со месеци.

„Ова е многу важна тема затоа што постоеја сомневања дека ковид е болест на мозокот!

loading...

Една третина од пациентите биле дијагностицирани со невролошко или ментално нарушување
Резултатите од студијата објавена пред неколку дена укажуваат на фактот дека на 34% од луѓето кои имале ковид, на крајот им е дијагностицирано или невролошко или ментално нарушување. Студијата проверила што се случува 6. месеци по дијагнозата, па испитувањето ќе продолжи да открива што се крие зад оваа состојба.
Ова е многу важна тема бидејќи постоеја сомневања дека ковидот е болест на мозокот,а не само на респираторните органи, рекол Муса Сами, професор по психијатрија на Универзитетот во Нотингем, но не учествувал во студијата.
Тој наведува дека постојат неколку фактори кои можат да придонесат за фактот дека толку многу пациенти доживуваат долгорочни симптоми, а тоа може да бидат стресот, престојот во болница и карактеристиките на болеста.


Опсегот на симптоми се движи од вознемиреност до мозочен удар
Најчестите невролошки и психолошки дијагнози биле анксиозност кај 17. проценти од луѓето и промени во расположението кај 14. проценти. Околу 50% од пациентите доживеале исхемичен мозочен удар, а тоа е тромб што делува на мозокот.

Деменциите се чести, доаѓа до користење на супстанции и несоница.


„Ова се податоци според прегледот на голем број пациенти и тие потврдуваат дека имаат и сериозни нарушувања кои влијаат на нервниот систем“, објаснил водачот на студијата Пол Харисон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Руски рапер се самоубил поради Путин

Според странските медиуми, раперот Иван Виталиевич Петунин, попознат по уметничкото име Воки, извршил самоубиство поради …