КОЈ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ БОГАТСТВОТО НА ПРИНЦОТ ФИЛИП: Најголемиот дел од имотот ќе го добие кралицата Елизабета, а има…

По погребот на принцот Филип, британските медиуми се занимаваа со темата за наследството на неговиот имот. Принцот оставил зад себе богатство проценето на 10. милиони фунти, кое делумно го заработил за време на неговата кариера во морнарицата, и не треба да се заборави дека како член на кралското семејство, тој заработувал околу 400. илјади фунти годишно. Покрај тоа, тој со Кралицата инвестирал во недвижнини, акции, уметнички колекции и ретки книги.
Кралското семејство не ја открило содржината на тестаментот на принцот, а познато е само дека неговата кочија и коњчиња ќе бидат наследени од неговата внука Лејди Луис, 17-годишната ќерка на принцот Едвард, која споделувала страст кон коњите, кои тој самиот ги тренирал, но и кон кочиите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Кога се запознал со сликарот Едвард Сиго, кој го научил да слика, тој стана добар познавач, но и колекционер на уметности. Се проценува дека тој во својата богата колекција имал околу 2.000 уметнички дела, од кои некои достигнуваат цена до 55. илјади евра.
Покрај богатата колекција на слики, принцот Филип имал собрано уште поголема колекција на книги, околу 13.000 примероци, повеќето посветени на природата, проценети на неколку милиони евра.
Дел од неговиот имот ќе го наследат неговите четири деца, принцовите Чарлс, Едвард и Ендру и принцезата Ана, но се претпоставува дека повеќето ќе му припадне на кралицата Елизабета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …