Дали пандемијата ГО НАМАЛИ НАТАЛИТЕТОТ во светот? Од Шпанија пристигнуваат шокантни податоци!

Пандемијата на корона вирус влијае на опаѓањето на наталитетот во светот, покажува студијата на австрискиот демограф Томас Соботка.
Пандемијата на корона вирус ги намали стапките на наталитет ширум светот, според студијата на австриски демограф. Студија на Томас Соботка, демограф на Австриската академија на науките, покажува дека ниту една земја во светот опфатена со истражувањето – во 15. членки на ЕУ, Швајцарија, САД, Русија, Јужна Кореја, Тајван, Норвешка и Украина – девет месеци по почетокот на пандемијата не дошло до зголемување на стапката на наталитет.
Исто така, има јасен пад на наталитетот, кој во Шпанија, на пример, е 20. проценти. Најголем пад на наталитетот е забележан во земјите каде првиот бран на пандемијата предизвикал високи стапки на инфекции и голем број смртни случаи, како што се Шпанија и Италија. Во Италија, стапката на наталитет паднала за осум проценти.


Забележителна е и состојбата во Унгарија, каде бројот на породувања се зголеми до деветтиот месец по почетокот на пандемијата, а во ноември бројот стагнираше, за да се намали за осум проценти во декември, а за 10 проценти во јануари, се вели во студијата.
Во Австрија, стапката на наталитет паднала за 5,5 проценти, што одговара на просечниот тренд на сите анализирани земји. Во Данска, Финска и Норвешка, стапката на наталитет останала стабилна.
Соботка проценува дека причината за падот на наталитетот треба да се бара и од економски и од здравствени причини, бидејќи жените се плашат да останат бремени за време на пандемијата.
Соботка верува дека пандемијата ковид 19 ќе има последици дури и откако ќе помине.


За жал, Државниот завор за статистика нема податоци за наталитетот во Македонија за 2020. година. Последните податоци се од 29. мај 2020. година за 2019. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МИНИСТЕРОТ ДОБИ ШЛАКАНИЦА! Инцидент на протест против вакцинацијата во Бугарија

Демонстрант во Бугарија му удрил шлаканица на министерот за образование додека излегувал од зградата на …