ГОЛЕМ ИНТЕРЕС КАЈ МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ ЗА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ СТРИП КОНКУРС

Стрип центарот на Македонија – Велес пред неполни два месеца го објави интернационалниот стрип конкурс „Велес 2021 –ЗЛАТЕН СТРИП ” како дел од традиционалниот стрип салон на мегународно ниво.

Како што известува Томе Трајков-програм директор за оваа година созреаа условите од оваа година овој стрип конкурс да се препрати до основни и средни училишта од сите општини од државата ,како и приватни училишта и студија. Во нашата досегашна работа сме вклучувале ученици и поедини училишта , но дојде време овој континуитет да го прошириме.

Македонскиот стрип центар влезе во постојана комуникација со училиштата, интересот е голем и потврдува дека учениците се свртуваат кон стрипот РС Македонија. Наставниот персонал , раснет во период на голем интерес за 9та уметност кај нас ,во тоа ги поттикнува .Се свртуваме кон сите средини пред се етнички , овозможувајки искажување на својот мајчин јазик

Неодамна, продолжува Трајков , македонската јавност ја информиравме за нашето учество во друг мегународен проект којшто дава фокус на историскиот стрип. (патем кажано историјата е наставен предмет!) Ова нужно доведува до размисли за поамбициони напори за воведување на стрипот во редовниот наставен процес!

Деветтата  уметност, е меѓу најстарите визуелни медиуми во светот и на различни начини влијаел врз општата култура во светот. Пример и самиот Пабло Пикасо од неговата пријателка и муза Гертрудe Стајн добивал стрипови во кои наоѓал инспирација за некои од своите слики.

Македонската стрип јавност смета дека уметничкиот и едукативниот потенцијал на стрипот треба да има подобар третман во Македонија. Тој, според нив, на училишниот час треба да се најде на клупата, а не под клупата, како што постарите генерации ги криеле изданијата на Загор, Блубери, Мендрејк, Алан Форд…

Стрипот како медиум може да придонесе младите луѓе да ја канализираат својата енергија, гнев, жар, сето она што ги мачи како тинејџери или студенти.
Истиот има можност да ги стимулира да си го најдат својот развоен пат, како личност, во еден друг позитивен правец. Непознат е за мене стрип каде што негативците победуваат-можеби хероите не победуваат секогаш, но не губат. Тоа е многу важно како порака во животот – подвлекува Трајков и продолжува

„…Во Хрватска стрипот се изучува факултативно во училиштата, а во Бугарија е дел од високото образование. Кај нас нема интерес тој да стане дел од формалното образование, барем во дел од часовите по ликовно. Стрипот не се изучува како посебен предмет ниту во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски” во Скопје ниту на Ликовната академија.

Денешните деца се плашат од големината на страниците, не ги привлекуваат застарените редови текст без ниту една слика…завршува Трајков

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националната опера и балет во чест на „Мајските оперски вечери“ со серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“

Месецот мај за Националната опера и балет е од особено значење, месец во кој се …