(ВИДЕО+ФОТО) Поради злоставување на учесничките прекинато е шведско реално шоу

Еден од учесниците во популарното шведско реално шоу „Рајски хотел“ бил дисквалификуван за време на снимањето на серијата поради обвинувања за злоупотреба на две учеснички. Емитувањето е прекинато поради истрагата, а епизодите повеќе не се достапни ниту на платформите за стриминг.
Наводно, злоупотребата се случила пред неколку месеци кога во хотел во Мексико бил снимен „Рајскиот хотел“. Во тоа време, учесникот на програмата, Тоби Џонсон, бил дисквалификуван и не му било дозволено да учествува во понатамошно снимање, поради „кршење на правилата на шоуто“, пренесува шведскиот јавен сервис SVT..
Во епизодата на „Рајскиот хотел“, која беше објавена денес, беше прикажан разговорот на Џонсон со продуцентите за неговите постапки, по што му било кажано дека мора да го напушти снимањето.
„Мислевме дека настаните се од таква природа што овој учесник не може да остане, бидејќи не беше пријатно за другите конкуренти“, рекла Сузан Нилен од Нордик ентертејмент група (група НЕНТ), која го снима „Рајски хотел“.

Програмата е суспендирана, а во тек е и внатрешна истрага
Емитувањето беше прекинато откако полицијата започнала истрага.
„Полицискиот извештај е направен во договор со учесниците со цел да се спроведе истрага во согласност со шведскиот закон“, се вели во соопштението на Групата НЕНТ.
Претседателот на групата НЕНТ, Андерс Јенсен, изјавил дека ги сфаќа настаните крајно сериозно и дека донел одлука за привремено прекинување на емитувањето.
Покрај полицијата, се води и внатрешна истрага, која треба да открие како се однесувала продукцијата за време на снимањето во Мексико.

Џонсон: „Моето однесување беше ужасно и одвратно“
Во програмата, Џонсон им се извинил на жените и изјавил дека тоа никогаш повеќе нема да се случи, а на Инстаграм објавил дека неговото однесување е „ужасно и одвратно“ и дека се чувствува лошо секој ден.
„Може да си ветам себеси дека ќе бидам подобра личност и дека ќе правам добро, и тоа го правам секој ден“, гласи најавата на Тоби Џонсон.
Групата НЕНТ не соопшти кога ќе продолжи со емитување на „Раскиот хотел“.

Фото:Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ГОРДОН РЕМЗИ ОЧАЕН: Ќерка му влегува во реално шоу а еве како се подготвува во бикини!

Холи Ремзи, ќерка на познатиот готвач, донела одлука да влезе во реално шоу. Холи, ќерката …