(ФОТО) НИШТО НЕ РЕШИЛ: Принцот Хари се вратил во Калифорнија и тоа еден ден пред 95. роденден на кралицата!

Иако се шпекулираше дека Хари ќе го продолжи престојот во татковината и ќе го прослави 95-ти роденден со својата сакана баба, што ќе и биде најтежок поради смртта на нејзиниот сопруг, тоа не се случило. Светските медиуми објавија папарацо фотографии од аеродромот во Лос Анџелес, но и пред домот во Монтесито, кој принцот го споделува со сопругата Меган Маркл и синот Арчи, според кои може да се заклучи дека тој се вратил дома.

Откако присуствуваше на погребот на неговиот дедо, принцот Филип и разговараше само кратко со неговиот брат, принцот Вилијам, принцот Хари се врати во сончевата Калифорнија. 36-годишниот војвода од Сасекс во вторникот бил на летот на Американ ерлајнс од Лондон до Лос Анџелес, по што со автомобил со затемнети стакла бил пренесен до неговиот дом во Монтесито.
Овие фотографии го обиколија светот и донекаде ги изненадија обожавателите на британското кралско семејство, бидејќи се шпекулираше дека Хари сепак ќе го продолжи престојот во татковината барем да биде со неговата баба, кралицата Елизабета Втора, на нејзиниот 95-ти роденден денес, но и да направи разговори и се обиде да ја „измазни“ ситуацијата со неговиот татко и брат.

И’ се чинеше дека семејството конечно може да ги изедначи несогласувањата, особено по бомбастичното интервју, што принцот Хари и Меган Маркл и го дадоа на Опра Винфри. По погребот на принцот Филип, Вилијам и Хари биле снимени во разговор, благодарение на Кејт Мидлтон, која употребила тактика и избегала од браќата откако го започнале разговорот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)

Но, нему му се чинело поважно да се врати дома кај неговата бремена сопруга Меган Маркл и малиот син Арчи. Заради своето патување во Велика Британија, војводата од Сасекс сега треба да мине десет дена во карантин, исто како што направи по пристигнувањето во Лондон кога престојуваше во неговиот дом во Frogmore Cottageu.
Откако неговиот авион слетал во Лос Анџелес, Хари седнал во неговиот автомобил заедно со возачот, кој го извадил од приватниот терминал на LAX, резервиран за богатите и славните, и го однел во неговата вила во Монтесито.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРОВЕРЕНО: Со помош на овој трик ќе се успиете за само ДВЕ МИНУТИ!

Што би рекле луѓето, со овој совет ќе спиете „како бебе“. Постојат различни методи кои …