(ФОТО) КРАЛИЦАТА СЕ ОГЛАСИЛА НА РОДЕНДЕНОТ – Заблагодарила на убавите желби и открила што му е на семејството најголема утеха во периодот на тагувањето

Британската кралица Елизабета Втора денеска изјави дека ја трогнале сите почести што му биле дадени на нејзиниот сопруг принцот Филип, во нејзиното прво јавно огласување по неговата смрт на почетокот на овој месец.
„Додека ние сме семејство во период на голема тага, беше утеха за сите нас да видиме и да слушнеме за почестите што луѓе од Велика Британија, Комонвелтот и целиот свет му ги дадоа на мојот сопруг“, напишала, на социјалните медиуми, кралицата, која денес го слави својот 95-ти роденден.

„Моето семејство и јас сакаме да им се заблагодариме на сите за поддршката и љубезноста што ни беше покажана последните денови“, додала британската кралица.
„Длабоко сме трогнавме и продолжуваме да бидеме потсетувани дека Филип имал толку несекојдневно влијание врз безброј луѓе за време на неговиот живот“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Во изјавата објавена на социјалните мрежи, која ја потпиша како Елизабет Р., британската кралица напиша дека добила многу убави желби за нејзиниот 95-ти роденден, за што е многу благодарна.

Таа својот роденден го слави во тишина во замокот Виндзор. Некои членови на кралското семејство ќе бидат со неа денес.
Нејзиниот роденден „падна“ за време на двонеделната кралски жалост за принцот Филип, кој се почитува до петок.

Британскиот премиер Борис Џонсон е еден од многуте кои и испратија најдобри желби на британската кралица на нејзиниот роденден.
„Отсекогаш се воодушевував од нејзиното височество и од нејзината услуга кон оваа земја и Комонвелтот“, напишал Џонсон на Твитер.
„Горд сум што сум нејзин премиер“, рекол тој.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …