Супер лигата останала без половина клубови: „Подготвуваме нов модел на натпреварување, одиме понатаму!“

Шесте преостанати клуба од фудбалската Супер лига во текот на ноќта соопштиле дека ќе продолжат со планираната организација на натпревари на богати екипи, без оглед на истапувањето на шест англиски клубови.
„И покрај најавата за истапување на англиските клубови, кои беа принудени да го сторат тоа под притисокот извршен врз нив, убедени сме дека нашиот предлог е целосно во согласност со законите и регулативите на ЕУ, што беше потврдено денес со судска одлука (во Мадрид) која ја штити Суперлигата“, се вели во заедничкото соопштение на Реал Мадрид, Атлетико, Барселона, Јувентус, Милан и Интер.
„Со оглед на моменталната состојба, ќе ги разгледаме најадекватните чекори за ремоделирање на овој наш проект, секогаш имајќи ја предвид целта да им понудиме на навивачите најдобро можно искуство и да ги истакнеме исплатите на солидарноста кон целата фудбалска заедница“, додаваат во соопштението.
Во вторникот вечерта, англиските клубови Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Тотенхем и Челси објавија дека се повлекуваат од Суперлигата, проект објавен јавно во неделата. Дванаесет богати европски клубови најавија формирање на своја лига од 20. клуба „што ќе започне што е можно порано“.
Објавувањето предизвика противење на европските и светските врвни организации УЕФА и ФИФА. Потоа, УЕФА го претстави новиот формат во Лигата на шампионите од 2024. година, кој би бил рамо до рамо со побогатите клубови, но не е радикален како Суперлигата.


„Европската супер лига е убедена дека моменталната статус кво состојба во европскиот фудбал треба да се промени. Предлагаме ново европско натпреварување бидејќи постојниот систем не функционира”, соопштиле од Суперлигата, чиј претседател е Флорентино Перез, челниоѕ човек на Реал Мадрид.
„Целта на нашиот предлог е да дозволиме спортот да се развива на начин што генерира приходи и стабилност за целата фудбалска пирамида, помагајќи на тој начин да се надминат финансиските тешкотии со кои се соочува целата фудбалска заедница како резултат на пандемијата на коронавирусот, значително повисока, на сите учесници во фудбалот“, стои во соопштението.
Соопштението беше објавено по состанокот со видеоконференција на шесте преостанати клуба и по истапувањето на англиските клубови.

Фото: Принтскрин/Marca

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …