Пандев и официјално влезе во „Клубот 100“ во Серија А: За 20 минути постигна 2 гола!

Горан Пандев, македонскиот репрезентативец за Џенова на натпреварот против Беневенто успеа да постигне гол со кој запиша јубилеј во Серија А.
Ѕведата на македонскиот фудбал во 11-та минута од натпреварот успеа да даде гол и изедначи на фудбалскиот натпревар. Со тоа Пандев се запиша во листата на стрелци.
Македонецот десет минути по првиот гол повторно се запиша во листата на стрелците и покажа зошто важи за еден од најдобрите играчи кои заиграле во калчото од „екс-ју“ просторите (2-2).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …