Амазон ја снима најскапата серија во историјата на телевизијата

ПРВАТА голема серија на Амазон, според најавите, ќе биде најскапа во историјата на телевизијата, оставајќи ги зад себе Круната и Игра на тронови.
Американската ТВ-платформа „Амазон“ планира да потроши околу 465. милиони долари за снимање на првата сезона од серијата „Господар на прстените“, пренесува Hollywood Reporter.
Извори потврдиле дека станува збор за огромна сума, иако ги вклучува и трошоците за лансирање на серијата, која веројатно ќе има неколку сезони.


Претходните проценки спомнуваа околу 500. милиони долари за повеќесезонска продукција, но не се споменувал трошок од 250. милиони долари за авторските права на наследниците на писателот R.Р.Р. Толкиен.
Снимањето на серијата веќе започнало во Нов Зеланд.
„Ова е фантастично! Ова ќе биде најголемата ТВ-серија направена досега”, изјавил Стјуарт Неш, министер за економски развој и туризам на Нов Зеланд, за локалните медиуми.
Се претпоставува дека дејството ќе се случува илјадници години пред настаните на „Господарот на прстените“ и „Хобит“ и дека ќе ги врати гледачите во времето кога се создавале големите сили, а кралствата се кревале и паѓале.
Актерската екипа ја сочинуваат Роберт Арамајо, Назанин Бониади, Морфид Кларк, Исмаел Круз Кордова, Ема Хорват и други.
Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ДАЛИ ГО ПРЕПОЗНАВАТЕ? Погледнете како денес изгледа легендата на мексиканските серии

Во доцните 1990-ти, жените ширум светот полудеа по Фернандо Колунга. Кога Фернандо Колунга се појави …