(ФОТО) Хурем ја покажала втората ќерка!

Актерката Меријам Узерли, кај нас позната по улогата на султанијата Хурем во серијата „Сулејман Величествениот“, во јануари годинава го роди своето второ дете – ќерката Лили Кои, а сега ја сподели и првата фотографија од оваа девојче.
Меријам објави фотографија на Инстаграм, на која ја следат повеќе од 6,5 милиони луѓе, на која позира со малата Лили, но и со постарата ќерка – седумгодишната Лара.
Оваа фотографија ги воодушеви нејзините следбеници, па не е ни чудо што собра 600.000 лајкови, но и море од прекрасни коментари. Публиката тврди дека нејзиното тримесечно бебе е „најслаткото на светот“, и дека неодоливо личи на неа.

Инаку, Мери ја доби Лили Кој со партнер чиј идентитет не го откри во јавноста, но потврди дека живеат заедно и дека е среќно заљубена.
Првата ќерка 37-годишната ја добила во врска со бизнисменот Кан Атес, но додека била бремена, таа решила да го напушти и да биде самохрана мајка, бидејќи тој ја принудувал на абортус. Тоа бил многу тежок период за неа, а проблемите на приватно поле влијаеа и на нејзината кариера.

„Имав освоено награда за актерска игра во Анталија, и таа вечер се обидов да се убијам. Отидов во хотелска соба и фрлив статуа, кршејќи ја, бев целосно луда и ги исеков рацете, крвта беше насекаде. Сакав да се фрлам од балконот затоа што го видов единствениот излез од тоа. Сакав да исчезнам, да ме нема, да умрам. Го видов спасот во смртта. Бев многу лошо психички“, призна таа во една прилика.
За среќа, сега проблемите се зад неа, а Меријем е исполнета на сите полиња.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …