(ФОТО) Репрезентативецот на Србија во центар на скандал: „Јас сум геј – тоа јавно и’ порано го кажав!“

Имено, пред и по првенствениот натпревар Тераса – Сабадел, тој упатил погрдни зборови до играчот домаќин Виктор Гутиерез, поранешен репрезентативец на Шпанија во врска со неговата сексуална ориентација…

Центарот на српскиот ватерполо тим од шпанската прва лига, Сабадеj, Немања Убовиќ е во центарот на скандалот за кој пишуваат шпански, италијански, грчки и други европски медиуми. Имено, пред и по првенствениот натпревар Тераса – Сабадел, тој упатил погрдни зборови до играчот домаќин Виктор Гутиерез, поранешен репрезентативец на Шпанија во врска со неговата сексуална ориентација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Víctor Gutiérrez (@victor_g91)

Тој ме нарече „марикон“ пред натпреварот
Пред пет години, Гутиерез отворено и јавно признал дека е хомосексуалец, што е прв ваков познат случај во шпанската ватерполо репрезентација. Но, минатата сабота, за време на натпреварот, Убовиќ му се обратил со шпанскиот збор: „Марикон“, што е погрден збор за хомосексуалците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Víctor Gutiérrez (@victor_g91)

– Тој ме нарече „марикон“ во пресрет на натпреварот, за што не сакав на почетокот да му придавам значење, иако сите го слушнаа, затоа што сè се слуша на натпреварот, ние кажуваме сè за што подоцна на човек му е жал. Но, не сакав да му подадам рака на таков човек по натпреварот, на што повторно ме нарече „марикон“. Веќе не беше случајност и афект од негова страна – објаснил тој во видео пораката што Гутиер ја објави на Инстаграм и како целата приказна допре до јавноста, и продолжил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Víctor Gutiérrez (@victor_g91)

Претходно бев вербално нападнат
– Јас сум хомосексуалец, тоа претходно го имам кажано јавно и горд сум а тоа што сум. Претходно бев вербално нападнат, но сега не сакам да го надминувам ова и да молчам повеќе. Мислам дека не би му направил услуга на ватерполото, и чекам изјава за овој случај од шпанската ватерполо федерација – рекол Гутиерез во видео порака.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …