СТУДИЈА: Младите кои прележале ковид не се заштитени од повторна инфекција

Антителата по инфекцијата со коронавирус во повеќето случаи се одлична заштита од повторно заболување. Сепак, студија направена врз 3.000 млади, здрави припадници на американската морнарица, покажала дека повторната инфекција е сè уште можна.
Студијата, спроведена од научници од медицинското училиште Ичан во Њујорк, е објавена во списанието „The Lancet Respiratory Medicine“.
„Нашите откритија сугерираат дека повторна инфекција со САРС-CoV-2 е честа кај здрави млади возрасни лица“, велат авторите на студијата.
„И покрај претходната инфекција со ковид 19, младите можат повторно да се инфицираат со вирусот и да го пренесат на други. Ова е важно да се знае и запомни како вакцинацијата продолжува. Младите треба да примаат вакцина, бидејќи вакцинацијата е неопходна за зајакнување на имунолошкиот одговор, спречување на повторна инфекција и намалување на преносот“, додаваат тие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fatih Özkan (@kirikchef)

Студијата е спроведена помеѓу мај и ноември 2020. година. Откриено е дека околу 10. проценти (19. од 189.) од учесниците кои го прележале ковидот повторно се заразиле, во споредба со 50. проценти (1.079 од 2.247) од учесниците кои не прележале инфекција.
Тестовите биле извршени на 3.249 претежно машки војници, на возраст од околу 20. години, во просек.
За да разберат зошто инфекциите повторно се случиле, научниците ги проучувале антителата на војниците. Откриле дека група на инфективни војници има пониско ниво на антитела против вирусот САРС-КоВ-2.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bursa Haber Merkezi (@bursahaberm)

Исто така, научниците откриле дека вирусното оптоварување (количина на вирус САРС-КоВ-2) кај реинфектирани војници било само 10. пати помалку отколку кај оние кои биле заразени по прв пат – што значи дека реинфектираните луѓе сè уште можат да ја пренесат инфекцијата.
Во студијата, повеќето учесници имале лесни симптоми и никој не бил хоспитализиран.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Славниот комичар позитивен на коронавирус:„Не го сакате ова, вакцинирајте се!“

Американскиот комичар Крис Рок во неделата објави дека е позитивен на коронавирус и ја искористи …