ДЛУМ „Цртеж – Експериментален цртеж“ 2021

Друштвото на ликовни уметници на Македонија под покровителство на Министерството за култура на Р.С.Македонија, денес 20.04.2021 година ја отвори изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ, ГТЦ 2 кат локал 306, во Скопје која што љубителите на уметноста ќе може да ја разгледаат до 30.04.2021 година  во работно време на галеријата односно од понеделник до петок од 09 -17 часот. 

Изложбата „Цртеж – Експериментален цртеж“ е традиционална и е дел од Годишната програма на ДЛУМ.

„Цртежот е стар начин на изразување колку и самиот човечки род. Првата повлечена црта беше знак за нов израз на преживеаните слики, беше крик. Понатаму низ историјата на уметноста се развиваше како самостоен израз кој нудеше нови перспективи, нови сознанија. Убавината на една линеарна композиција, естетската едноставноста, но и комплексноста на линиите, на површините и јасното владеење на перспективите ја прави возбудлива техника со богати можности – цртеж.

Оваа изложба има идеја да го задржи принципот на проширување на медиумот цртеж со експериментален пристап и решенија кои би биле предизвик за уметниците. Класичната дисциплина – цртеж има многу можности да опстане во ова време на нови медиуми, употребувајќи мисловни концепти или пак излегување од медиумот на дводеимензионалноста и пристапот во изработката. Интересно е што постојат повеќе разнолики приоди во интерпретацијата на идејата, интерпретација на дилемата или пак решението како краен резултат.

На изложбата учество земаа 31 автор од членството на ДЛУМ:
Александра Димитрова, Ана Спасова, Ана Трајковска, Ангел Димовски Чауш, Ангелца Стоиљковиќ, Валентина Илијевска, Горан Менков, Ѓорѓе Цветковиќ, Давор Ќешкец, Дејан Иванов Маргуш, Дијана Томиќ Радевска, Душан Георгиевски, Златко Глигоров, Зулејха Зубери Али, Илина Арсова, Кирил Гегоски, Лидија Вујисиќ, Лидија Цаковиќ, Мојсовска, Љупчо Бојаров, Марија Мицова Гацова, Марија Светиева, Марјана Костојчиноска Узунчева, Наташа Станковска Зафировска, Пандора Апостолоска Саздовска, Росица Лазеска, Сашо Саздовски, Силвана Атанасовска, Слободан Живковски, Стефан Димовски, Стефан Младеновски, Тања Таневска.

На изложбата беше доделена наградата „Цртеж – Експериментален цртеж“ на Росица Лазеска за делото со наслов „Композиција 12“.


Росица Лазекса
„Композиција 12“
тех. колаж, јалген, пастел  42х60 см.
2020 год.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националната опера и балет во чест на „Мајските оперски вечери“ со серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“

Месецот мај за Националната опера и балет е од особено значење, месец во кој се …