(ВИДЕО) Пресметка која траела 20. минути – АЈКУЛА ПРЕВРТЕЛА КАЈАК НА РИБАР И ГО ВОВЛЕКЛА ВО МОРЕТО: Камерата ја снимила жестоката пресметка во морето!

Рибарот Греам Смит бил во водите недалеку од крајбрежјето на Ирска кога ајкула ја каснала мамката.
Со предаторот се борел добри 20. минути и на крајот завршил во морето. Ајкулата била толку упорна што таа го превртела неговиот кајак.
На Смит му помогнале пријатели од блискиот брод, пренесува Mirror.


“Неколку пати годишно одам да ловам ајкули во Донегал. Тој ден беше мирно на копното, но беше незгодно на отворено море. И овој вид ајкула е многу лукав, тешко е да се борите против нив. Ме вовлече во вода, но момците знаеа каде сум, па повикав помош и брзо ме спасија“, рекол Смит, кој изгубил опрема во вредност од околу 450 евра, вклучувајќи две камери и мобилен телефон.
„Ова ми се случи само двапати во последните 13-14 години колку што одам на риболов со кајак“, рекол тој.

Инаку,станува збор за атлантска ајкула, вид ајкула која живее во студените води на Атлантскиот Океан и јужната хемисфера. Може да достигне должина до 2,5 метри.

Фото: Принтскрин/YOUTUBE/PEN NEWS

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Овие знаци на Зодијакот никогаш не ги откриваат своите ВИСТИНСКИ ЧУВСТВА

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …