Продолжена изложбата на ликовниот уметник Иван Велков

По месец и половина од отворањето на излобата со наслов „Иван Велков, 90 години од раѓање“ во Чифте амам, на наше големо задоволство не опаѓа интересот за посета на истата од пошироката јавност.

Иван Влеков отворање, Фотографија Денис Јагџи

Иван Влеков отворање, Фотографија Денис Јагџи

Иван Влеков отворање, Фотографија Денис Јагџи

Токму заради овој факт, а во насока да обезбедиме прилика за сите оние кои немаа можност да ја посетат, Националната галерија донесе одлука и направи напори поставката да биде изложена до 26 април 2021, со одобрение и согласност на сопствениците кои ни ги позамија делата од нивните колекции.

Посебна чест за нас како институција, и особено задоволство претставува интересот на претставниците на дипломатскиот кор. Пред неколку дена беше реализирана посета од страна на Н.Е. амбасадорот на Јапонија, Хиронори Савада со сопругата. Оваа единствена прилика, беше можност за директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими да го запознае амбасадорот со творештвото на ликовниот уметник Иван Велков и да ја претстави постојаната поставка во Даут пашиниот амам. Бидејки уметноста има универзален јазик, беше отворена можност за идна соработка меѓу двете земји, пред се во сферата на музеологијата и заштитата на културното наследство.

Посета на јапонскиот амб. 16.04.2021, Фотографија Денис Јагџи

Во време на рестриктивно движење и дружење, социјална дистанца, посетеност исто така бележи и вториот храм на уметноста, Даут пашиниот амам.

Искористете ја можноста до 26 април 2021 и посетете ја изложбата на Иван Велков. На изложбата се претставени 90тина дела од сите творечки фази на Велков, а истите се дел од колекциите на Националната галерија, Музејот на современата уметност, Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, НУЦК „Антон Панов”, Струмица, семејството Велкови како и на голем дел приватни сопственици на кои длабоко им благодариме за соработката.

Чифте амам и Даут пашин амам може да се посетат секој ден во неделата, освен понеделник, од 10 до 18 часот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националната опера и балет во чест на „Мајските оперски вечери“ со серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“

Месецот мај за Националната опера и балет е од особено значење, месец во кој се …