Официјално – 12 великани формираат Супер лига!

Дванаесет големи европски клуба објавија дека создаваат ново натпреварување – Европската Супер лига (ЕСЛ).
Клубовите основачи се: Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Тотенхем.
Нема клубови од Германија и Франција меѓу основачите.

Буџет од 5 милијарди евра!
Врз основа на првичните шпекулации за натпреварувањето, беше објавено дека буџетот ќе биде околу 5,25 милијарди евра.
Поточно, на секој клуб што ќе го потпише договорот за основање му се ветени 350 милиони евра.
Покренувач на ова „движење“ е американската финансиска корпорација ЈП Морган Чејс.
Планот е 20. тимови да играат натпревари во средината на неделава, со 12. основачки клубови ќе се приклучат уште три, домот на преостанатите пет екипи ќе дојде преку „квалификации“ врз основа на резултатите.
Клубовите би биле поделени во две групи, од кои трите најдобри екипи би оделе директно во четвртфиналето, а 4-от и 5-тиот би играле бараж.
Сезоната ќе кулминира со финале кое ќе се игра за време на викендот кон крајот на мај.

„Дванаесет од најважните европски клубови денес постигнаа договор за започнување на ново натпреварување – Суперлигата, со која ќе управуваат клубовите основачи. Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челзи, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Тотенхем се обединети како основачи а уште три клуба ќе бидат поканети да се приклучат пред инаугуративната сезона, која ќе започне што е можно поскоро “, се вели во заедничкото соопштение на 12-те клубови основачи.

По првичното соопштение за промовирање на Суперлигата на најбогатите, за кое се шпекулираше со години, УЕФА најави исфрлување на клубовите кои ќе учествуваат во неа од сите натпреварувања на УЕФА.
Следуваше вонреден состанок на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА), без 12 „одметници“, на кој беше потенцирано противењето за започнување на планираниот натпреварувачки модел.
Легендите на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон и Гери Невил, како и водечките луѓе на двете европски велесили Велика Британија (премиерот Борис Џонсон) и Франција (претседателот Емануел Макрон) го кренаа својот глас против Суперлигата.
Нема сомнение дека расколот во европскиот фудбал, што ќе се создаде со потегит на 12. великани од Англија, Шпанија и Италија, радикално ќе го промени светот на фудбалот.
Слична ситуација се случи пред многу одамна во европската кошарка, со промовирање на Евролигата независно од врвната кошаркарската организација ФИБА.
Евролигата се наметна како елитно кошаркарско натпреварување, но достапно само за избрани клубови, најмногу врз основа на финансиските можности.
Но, прашањето е колку Суперлигата ќе им биде на располагање на посиромашните клубови, со оглед на тоа што разликата е многу поголема, во тој поглед, отколку во кошарката.
Нема сомнение дека првите официјални реакции на клубови, лигите и федерациите, како и истакнати фудбалски поединци, не чекаат во текот на денот и неделава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …