ОФИЦИЈАЛНО: Фудбалерите на Суперлигата не можат на Евро и Мундијал

Александар Чеферин, претседателот на УЕФА, објави дека оние што ќе играат во Суперлигата нема да можат да играат за своите репрезентации, што значи ниту на европските и светските првенства.
Ова го пријави и доброинформираниот италијански новинар Танкреди Палмери, потоа Фабрицио Романо, а наскоро се појави и изјавата на првиот човек на УЕФА.
Фудбалерите од Суперлигата нема да смеат да играат на европски и светски шампионати, а доколку таквата одлука навистина е на сила, фудбалот како што знаевме дефинитивно ќе престане да постои.
„На играчите од затворената Супер лига ќе им биде забрането да ги бранат боите на своите репрезентации на Европското првенство и на Светското првенство“, рекол Чеферин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @cronache_di_spogliatoio

УЕФА е подготвена да возврати на секој можен начин во лигата формирана од 12-те најбогати клубови, а се уште се очекуваат дополнителни промени.
Исто така се додава дека УЕФА ќе се обиде што побрзо да ги казни „одметнатите“ клубови во тековната сезона на Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Ова значи дека не е исклучено ниту нивното протерување.
„Од овој момент, УЕФА и фудбалскиот свет се обединети во борбата против себичниот проект на неколку клубови мотивирани исклучиво од алчност. Заедно, ќе се бориме против бесмислен проект“, нагласил Чеферин.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …