Општина Центар се приклучи на проектот на Град Скопје за платформата „Smart City“

На последната, 63-та седница на Советот на Општина Центар, меѓу останатите точки,се изгласа и Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за реализација на платформата за паметно осветлување и дигитален град – Smart city (Паметен Град)

На предлог на градоначалникот на Саша Богдановиќ,советниците изгласаа Центарда се приклучи на останатите 10 општини на градот Скопје, кои заедно ќе се вклучат во реализација на платформата Паметен Град, проект кој ќе помогне Скопје да стане технолошка современа метропола.

loading...

Преку т.н. паметни столбови, ќе се обезбеди систем за паметно осветлување на цела територија на Град Скопје и во Општина Центар, со чие поврзување ќе се придонесе кон носењетона подобри локални одлуки од страна на локалните власти и ќе го подобри квалитетот на живеење на жителите.


Проектот ќе се реализира во наредните три години, а средствата за платформата Smart City ќе бидат обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2021-ва, 2022-ра и 2023-та година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва започнува четвртото издание на музичкиот фестивал Андерфест Скопје

После точно една година Андерфест по четврти пат ќе го донесе најдоброто и најсвежото на …