МИНИСТЕРКА ЗА ЗДРАВСТВО ТВРДИ: „Ѓоковиќ донираше респиратори на Црна Гора“

Министерката за здравство на Црна Гора, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, изјавила дека тенисерот Новак Ѓоковиќ е еден од донаторите за респиратори кои пристигнале во Црна Гора.
Донацијата од 60. респиратори вчера пристигнала во Црна Гора, но било објавено дека донаторите сакаат да останат анонимни.
Боровиниќ Бојовиќ денес за ТВ Вијести открила дека донаторот е всушност најдобриот тенисер на светот.
Таа исто така рекла дека епидемиолошката состојба во Црна Гора се подобрува и дека почитувањето на епидемиолошките мерки дало резултати.
Досега во Црна Гора починаа 1.429 лица како резултат на коронавирус. Во моментов има 3.223 заразени.
Во петокот, владата ги олеснила мерките што важеа еден и пол месец.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …