Една година успешна работа на културно социјалниот простор „Јадро“

Новоотворениот мултимедијален простор во Општина Центар, КСП-ЈАДРО, изминатата 2020 година претставуваше платформа за уметнички организации, асоцијации, неформални групи и поединци, кои преку разни активности реализираа успешни проекти од областа на културата во разни уметнички дисциплини.


И покрај вонредните услови за работа наметнати од глобалната пандемија од Ковид-19, КСП-ЈАДРО реализираше девет програмски линии и седумдесет содржи според Годишната програма за работа за 2020 година, а покрај тоа овозможи и бесплатно користење на просторот за осумдесет работно продукциски термини и реализација на програмски активности за повеќе од триесетина корисници од пошироката уметничка заедница, независната културна сцена и граѓанскиот сектор.
Програмските активности вклучуваа предавања, интердисциплинарни работилници, изложби, поетски и литературни читања, театарски и танцови истражувања и перформанси, филмски дебати, музички концерти и проекти во областа на архитектурата, фотографијата и дизајнот.


Дел од проектите кои се реализирани со поддршка од Швајцарската амбасада и Министерството за култура се осум концерти на млади македонски соло музичари и бендови, самостојна изложба „Идиоми” на уметникот Филип Велковски, театарска работилница за млади ентузијасти на тема „Граници”, авторска претстава „Нови мерки, старо другарство” под слоганот-Гледај театар од тераса, десет месечен бесплатен курс за аудио продукција под менторство на Владимир Аговски и изложба на муралот на младиот уметник Сали Ертунч, насликан на фасадата на Културно социјалниот простор-ЈАДРО.


Програмските активности во различни области вклучуваат разни уметнички дисциплини, со што се потенцира мисијата и визијата во која ќе продолжи да се развива центарот Јадро и да претставува простор во кои постои плуралност на идеи и уметнички изрази, како и простор за отворени демократски процеси.
Следен проект кој ќе се реализира во рамки на КСП-ЈАДРО е проектот на уметницата Кристина Божурска „Домашна работа, наша работа”, кој се базира на партиципативната уметност, а ќе се реализира под менторство и во соработка со реномираниот куратор од Словенија, Теуш Логар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националната опера и балет во чест на „Мајските оперски вечери“ со серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“

Месецот мај за Националната опера и балет е од особено значење, месец во кој се …