(ВИДЕО) Како Меган Маркл му одала почест на принцот Филип?

Вчера беше одржан погребот за британскиот принц Филип, сопруг на кралицата Елизабета. Неговиот внук принцот Хари дојде на погребот од Америка, а неговата сопруга Меган Маркл остана во Калифорнија, бидејќи лекарот и забранил да патува поради напредната бременост. Сепак, откриено е дека Хари и Меган заедно успеале да му оддадат почит на војводата од Единбург.
Војводата и војвотката од Сасекс испратиле венец со цвеќе, со емотивна порака за принцот Филип. Венецот бил положен покрај ковчегот на починатиот војвода, а Меган Маркл, според британските медиуми, лично напишала порака во која се простила од дедото на нејзиниот сопруг.
Принцот Хари присуствувал на погребната церемонија со остатокот од своето семејство, што е првпат да поминува време со нив по повеќе од една година.

Меган, која е во седмиот месец од бременоста, не добила одобрение од лекарот да патува. Иако таа не била присутна лично, извори потврдиле дека го гледала погребот пренесуван на телевизија.
Венецот положен во име на Хари и Меган е рачно изработен и дизајниран од Вилоу Кросли, цвеќарница која е ангажирана за сите посебни прилики на војводата и војвотката од Сасекс. Таа ги изработила аранжманите за нивната венчавка, како и крштевањето на нивниот син Арчи.

Венецот содржел многу цвеќиња од локално потекло, со сентиментални елементи, кои му оддаваат почит на војводата од Единбург. Меѓу другото, на венецот бил и националниот цвет на Грција, родното место на принцот Филип, но и цветот на Кралската морнарица. Аранжманот имал кампанула, која симболизира благодарност и вечна љубов, но и рузмарин, лаванда и рози, како знак на месецот на раѓање на војводата во јуни.
Војводата од Единбург почина два месеци пред неговиот стоти роденден. Вчера беше погребан во кругот на неговото најблиско семејство и највисока државна чест.

Фото: Монтажа/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …