(ВИДЕО+ФОТО) КУПОТ НА КРАЛОТ ЗА БАРСА: Меси се запишал во историја – ова за 119. години на никој не му успеало

Во финалето на Купот на шпанскиот крал, Барселона, во Севилја, го совлада Атлетик Билбао со 4:0 и го освои овој вреден трофеј, по 31-ви пат во историјата на клубот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona)

Иако крајниот резултат е многу убедлив, на Барса и требаше долго време да го пробие ѕидот на Баскијците.
Првото полувреме заврши без голови, а мразот конечно го скрши Антоан Гризман во 60. минута од средбата, за водство од 1-0.
После тоа, Барса стави во петта брзина, а за само дванаесет минути Билбао капитулираше уште три пати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona)

Веќе во 63-та минута со асистенција на Џорди Алба, предноста на Барселона ја удвои Де Јонг, а потоа на сцена стапи Лео Меси.
Тој го постигна третиот гол во 68-та минута и ги реши сите дилеми околу освојувањето на Купот на кралот, а во исто време влезе во 119-годишната историја на ова натпреварување, како единствен фудбалер кој постигнал голови во седум финалиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona)

Тој не застана тука, туку во 72. минута уште еднаш ја затресе мрежата на противникот за конечни 4:0.
Како што се очекувало, Лео Меси беше прогласен за играч на натпреварот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …