(ВИДЕО+ФОТО) Брз и едноставен колач: Вкусни посни коцки!

Постите уште траат а денес ви предлагаме еден посен десерт:
Потребно ви е чаша за јогурт – се’ се мери со неа:
3 чаши брашно
1 чаша шеќер
1 кесичка прашок за пециво
1/2 чаша масло
1,5 чаши вода
150 гр мелени ореви
100 гр рендано посно чоколадо

За мачкање:
3 лажици џем од кајсија
50 гр мелени ореви
100 гр посно чоколадо
Подготовка:на брашното додадете шеќер, прашок за пециво, рендано чоколадо, мелени ореви, и се убаво измешајте, потоа додадете ги течните состојки и сè измешајте па истурете во плех за печење, намачкан со масло и наросен со брашно. Печете на 180 степени 20 минути. Измешајте џем и ореви и премачкајте го врелиот колач со оваа смеса и оставете да се излади. Направете чоколаден прелив и прелијте го колачот. Пријатно!

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Направете сами ваше универзално СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ФЛЕКИ: Потребни се три состојки!

Има сè повеќе производи за чистење кои можат да се направат од состојките што секогаш …