(ФОТО) До неодамна се’ беше тајна – Што знаеме сега за состојбата на Михаел Шумахер?

Михаел Шумахер, седумкратниот шампион во Формула 1, не се појавил пред камерите и пред јавноста од декември 2013. година, кога доживеа страшен пад на скијање. Оттогаш, информациите за неговата здравствена состојба се појавуваат само спорадично, што ни покажува во каква состојба е.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Отец (@old.na.meste)

Семејството Шумахер ретко зборуваше за состојбата на Михаел и само повремено излегуваше со информации.
Последната од нив наведува дека семејството одлучило да ја стави на продажба луксузната вила на Женевското езеро, која се проценува на пет милиони евра.
Корина, сопругата на големиот шампион, го стави на продажба овој имот од 20.000 квадратни метри кој беше купен за 3,5 милиони евра и целосно прилагоден на закрепнувањето на големиот ас.
Наскоро се очекува да дознаеме многу повеќе за состојбата на легендарниот ас, особено по документарниот филм „Шумахер“, во кој ексклузивно зборуваат Корина, таткото на Михаел, ќерката Џина-Марија и синот Мик.
Шуми доживеа страшна повреда при скијање во 2013. година, кога со глава удри во карпа. Неговиот живот го спаси шлемот што го носеше, а хеликоптер го однесе преку Алпите во болницата во Гренобл.
Германецот имаше две операции и после тоа беше во вештачка кома повеќе од шест месеци.
Тој излегол од кома во 2014. година по 250. дена и бил пренесен во болница во Лозана, пред да се врати во својата куќа на брегот на Женева.

Во тој момент, Сабина Кем, неговиот менаџер, објасни во каква состојба се наоѓа.
„Мајкл ја напушти болницата во Гренобл за да ја продолжи долгата фаза на рехабилитација. Тој веќе не е во кома“, рече кратко таа.
Оттогаш, сè помалку информации пристигнуваат за неговото здравје, а тајната внимателно се чува.
Жан Тод, човекот кој беше шеф на Ферари со кого Шумахер освои пет од седумте титули, минатата година ја откри состојбата на легендата после една посета.

„Го видов Михаел минатата недела. Тој се бори. Боже, знаеме дека тој имаше страшна и голема несреќа на скијање што му создаде многу проблеми. Но, тој има неверојатна сопруга покрај себе, има деца, медицински сестри и можеме само да му посакаме се’ најдобро што посакувам и за неговото семејство. Сè што можам да сторам е да бидам со него додека не бидам во можност и да направам нешто“, рекол Тод.
Долго време се сомневало дали е воопшто свесен, сè додека „Паризиен“ не објави кратка изјава на медицинска сестра.
„Да, работам со него и ве уверувам дека е свесен“, рекла кратко таа и побарала да остане анонимна.
Неодамна за неговата состојба зборуваше и германскиот невролог Ерих Ридерер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by f1a (@just_formula)

„Михаел Шумахер е буден, дише, неговото срце има убав ритам. Веројатно може да седне, дури и да направи чекор со помош на други, но не повеќе од тоа“, рекол докторот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …