Козметолозите многу често ги советуваат припадничките на поубавата половина да користат третман со мраз за нивна нега, што може да даде совршени резултати на секоја кожа.
Овој трик го користат најпознатите светски sвезди, како што се Ирина Шајк и Карли Клос, кои му должат бескрајна благодарност. Сепак, употребата на овој третман бара внимателна постапка и начинот на кој се користи мразот.
Можете да направите мраз во пластични садови за таа намена, а може да купите и ќесички кои ќе ги наполните со вода и ќе ги замрзнете. Експертите препорачуваат дека би било најдобро мразот да го земете со ракавици. Покрај тоа, можете да замрзнете чај од камилица, јаглика, нане и зелен чај во коцки мраз и потоа да ги користите како третман. Многу е важно внимателно да ја извршите целата постапка, бидејќи како и секој третман, може да има несакани ефекти. Бидете внимателни да не ставате мраз на кожата директно од замрзнувачот, туку оставете да стои една минута или две. Користете го со ставање козметички ракавици или парче газа и масирање на лицето со лесни кружни движења.
Бидете внимателни да не користите мраз на кожата повеќе од 10. минути по ред, за да не предизвикате смрзнатини, црвенило и изгореници!
Избегнувајте да го користите на кожа склона кон црвенило, која има егзема или розацеа.
Предности на третманот со мраз на кожата:
– се отстрануваат темните дамки околу очите
– поволно влијае на зголемени пори
– помага при третман на акни
– ја поттикнува циркулацијата
– совршено го измазнува пределот околу очите
– ги смирува темните кругови
– усните ги прави посочни
– го враќа сјајот на кожата
– добро е за масажа на кожата и нагласување на контурите
– го затегнува лицето