Зошто ЈОГУРТОТ е една од клучните намирници за развој на ИМУНИТЕТ?

Научниците откриле нови придобивки од овој млечен производ. Погледнете зошто јогуртот е толку важен во нашата исхрана!
Многу луѓе консумираат јогурт затоа што се свесни за неговите придобивки поради калциумот, пробиотиците и протеините, но и поради неговата многу лесна употреба.
Една од постојаните грижи во врска со млечниот јогурт е дека, како и со некои други млечни производи, се сметало дека може да предизвика воспаление во телото, што може да доведе до некои инфекции, болести и нарушувања.
Израелска студија сега откри дека пробиотиците во производите од јогурт всушност можат да го намалат воспалението и да го зајакнат имунитетот, пишува Eat This.


За луѓето кои сметаат дека јогуртот е здрава, сигурна храна, сега има одлични вести. Имено, двајца истражувачи кои спроведоа универзитетско истражување во Израел откриле дека молекулите од пробиотици во кефирот (течен пијалок кој е многу сличен на јогуртот) значително го намалуваат нивото на инфекција со агенсот што предизвикува колера.
Во следната студија, научниците откриле дека истите молекули делуваат и како антиинфламаторно дејство против некои модели на вирусни заболувања.


„За прв пат, нашето истражување го осветлува механизмот со кој пробиотиците кај ферментираното млеко можат да заштитат од патогени инфекции и да му помогнат на имунитетниот систем“, рекол професорот Раз Јелинек, потпретседател за истражување и развој на универзитетот Бен Гурион на Негев.
Ова веројатно ќе доведе до ново истражување поради поголемо разбирање, но во меѓувреме, наодите од оваа студија може да бидат уште една причина поради која треба да консумирате јогурт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Направете сами ваше универзално СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ФЛЕКИ: Потребни се три состојки!

Има сè повеќе производи за чистење кои можат да се направат од состојките што секогаш …