Еден град, едно пакување, 10 дизајнерски приказни од Шизик на ризик

Mакедонскиот лајфстајл бренд Шизик на ризик неодамна ја прошири својата палета на производи со уште еден дизајнерски производ. Тоа е сетот од десет разгледници наречен “Поздрав од Скопје” – наменет за скопјани, за туристите во Скопје, но и за сите љубители на добриот дизајн.

Изданието е составенo од 10 оригинални графички решенија со илустрации и фото-колажи од скопските архитектонски знаменитости, културни обележја и урбани мемории. Секоја поединечна е знак за урбаниот живот, запис за идентитетот на Градот и неговатадуша.

Испечатени на хартија со заднина за пишување, картичките се идеални за испраќање, но и за врамување за во домот или во јавните објекти, што сетот “Поздрав од Скопје” го прави одличен подарок или сувенир.

Сетот картички, надополнет со 10 пликоа и спакуван во атрактивно плик пакување, е првиот производ на Шизик на ризик наменет за широкопродажба, и наскоро, освен во продавницата на Шизик на ризик во центарот на Скопје (https://bit.ly/3sooxjw) и онлајн (https://bit.ly/3uVydDP), ќе можеме да го сретнеме и низ скопските хотели, книжарници и продавници за подароци.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за понеделник, 17.05.2021: Успехот понекогаш се чини недостижен, но околностите секогаш се менуваат. Важно е да научите добра лекција и да останете упорни во своите намери…

Овен Љубов: Позицијата на Месечината влијае на вашата чувствителност. Потешко е од вообичаеното да се …