(ВИДЕО) Светскиот ден на хемофилијата со регионална кампања одбележан од Рош Македонија

Пандемијата со COVID-19 донесе голем број предизвици во изминатиот период со посебно влијание врз лицата со хемофилија. И покрај големите промени кои настанаа на глобално ниво хемофилијата остана иста, сериозно наследно нарушување на коагулацијата кое носи голем број предизвици за лицата кои живеат со оваа состојба.

Токму поради ова, лекарите во нашата држава неуморно се борат за да обезбедат соодветна здравствена заштита за лицата со хемофилија и во услови на пандемија. Денес на 17-ти април, на Светскиот ден на хемофилија, имате можност да ги слушнете нивните пораки во видеото споделено од Рош Македонија.

Во духот на пораката од Светската Федерација за хемофилија „Вашите постапки денес. Нивна иднина за утре!” (анг. “Your action today. Their future tomorrow.”) Рош Македонија организираше регионална кампања за одбележување на Светскиот ден на хемофилија со цел поддршка на сите лица со хемофилија и со кој било друг тип на коагулопатија.

Во кампањата беа вклучени лекари од Северна Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора кои порачаа дека COVID-19 е нашата нова реалност со која треба да научиме да живееме, а лицата со хемофилија и понатаму имаат потреба од соодветна терапија и нега. Заедно да придонесеме кон достапност до терапија за сите лица со хемофилија со цел долготрајно подобрување на квалитетот на нивните животи.

Во регионалната кампања учествуваа и лица со хемофилија токму од овие земји, кои споделија дел од нивната приказна и живот со хемофилија! Ги споделија предизвиците со кои се соочуваат како и ограничувањата кои ги носи оваа состојба. Како вистински партнер во областа на Хемофилија, Рош ги поддржува лицата со оваа состојба и токму денес на Светскиот ден на Хемофилија ве поканува заедно да дадеме поддршка и почит за сите лица кои живеат со хемофилија и да придонесеме кон реализација на “живот без ограничувања”. Заедно сме посилни!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Направете сами ваше универзално СРЕДСТВО ЗА ЧИСТЕЊЕ ФЛЕКИ: Потребни се три состојки!

Има сè повеќе производи за чистење кои можат да се направат од состојките што секогаш …