(ВИДЕО+ФОТО) Хамилтон ја освои 99. пол позиција во кариерата

Луис Хамилтон, возач на Мерцедес, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Емилија Ромања во Формула 1 шампионатот.

Хамилтон стигна до 99-та пол позиција во кариерата со време 1:14,411.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Возачот на Ред Бул, Серхио Перез, кој беше за 0,035 секунди побавен од светскиот шампион, исто така ќе ја започне трката од првиот ред, додека неговиот трет клупски колега Макс Верстапен е трет со заостанување од 0,087 секунди зад победникот.

Четвртото место го зазеде Чарлс Леклерк во Ферари, петти беше возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли, следен со дуото од Мекларен, Даниел Рикардо и Ландо Норис.
Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас го зазеде осмото место, а најдобрите десет ги комплетираа Естебан Окон од Алпина и Ленс Строл од Астон Мартин.

Трката на патеката Имола ќе се одржи во недела во 15 часот со директен пренос на Спорт клуб 3.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ѓоковиќ: Со ваква игра, можам до крајот на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ не бил лошо расположен по поразот во финалето на турнирот од Мастерс серијата …