(ВИДЕО+ФОТО) Кралското семејство објавило комеморативно видео за принцот Филип

Во пресрет на погребот на принцот Филип, кој почина на 100-годишна возраст, кралското семејство на својот официјален профил на Инстаграм објави комеморативно видео монтирано од фотографии, но и една слика на барање на кралицата.
Кралицата Елизабета Втора сподели со јавноста една од своите фотографии со нејзиниот сопруг, со кого беше во брак 73. години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

На фотографијата се гледа кралскиот пар кој одмара на тревата во природата на Абердиншир во 2003. година.
На таа фотографија направена еден сончев ден, кралицата и принцот Филип изгледаат потполно опуштено и топло и се насмевнуваат на својата снаа Софија која ги сликала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Свечениот кралски погреб ќе се одржи во капелата Свети Џорџ, во областа на замокот Виндзор во 16. часот по средноевропско време, со присуство на само 30. лица, во согласност со мерките во борбата против коронавирусот.
Патем, пред замокот Виндзор има кралската коњаница.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …