(ФОТО) Израел го укинува задолжителното носење маски на отворено!

Од 18. април во Израел нема да биде задолжително носење маски на отворено.
Во таа земја со најмногу вакцинирани против коронавирус во светот во споредба со бројот на жители, донесена е нова одлука на патот кон нормализација.
Министерот за здравство Jули Еделштајн најави дека од недела ќе биде укината обврската за носење маски на отворено.
Обврската за носење маски во затворен простор ќе остане во сила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Israel (@stateofisrael)

Во Израел, врз основа на епидемиолошката состојба, која се подобри благодарение на вакцинацијата, епидемиолошките мерки постепено се олеснуваат од 21 февруари.
Во земја со околу 9,3 милиони жители, околу 4,96 милиони луѓе ја примија втората доза на вакцина против ковид-19.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Israel (@stateofisrael)

Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека во последните неколку дена, дневно се регистрираат помалку од 200. заразени лица.
Досега во Израел починале 6.312 лица како резултат на инфекција со вирусот, додека 836.504 лица биле заразени.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Можеби и’ не е време да бидете во врска: Овие знаци го покажуваат тоа!

Како и во се друго во животот, така и во љубовта постојат одредени правила. Пред …