Починала глумицата од хит серијата Peaky Blinders и Harry Potter: Имала само 52. години

Актерката Хелен МекКрири, позната по улогите во хит серијата „Peaky Blinders“, но и по улогите во три филма за Хари Потер, починала од рак на 53-годишна возраст, тврди нејзиниот сопруг, актерот Демијан Луис.
Луис напишал дека неговата сопруга починала дома, опкружена со најблиските, по херојската битка со ракот.
МекКрири ја играше тетката Поли, матријарх на кланот Шелби, во познатата серија Peaky Blinders на Би-Би-Си.
Таа исто така ја играше Нарциса Малфој во три филма за Хари Потер. Нејзиниот лик беше сопруга на Лусиус Малфој и мајката на Драко.
Во текот на целата своја кариера, таа доби пофалби за низа други улоги. Во филмовите „Кралицата“ и „Посебната врска“, таа меѓу другите ја играше и Чери Блер, сопругата на поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер.

Многумина на социјалните мрежи се збогуваат со актерката и пишуваат пораки со сочувство до нејзиното семејство.

Фото: Принтскрин/Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Бил подготвен да го даде својот живот за братот: Тој е еден од најомилените холивудски глумци, а неговиот живот крие ГОЛЕМА ТАГА!

Еден од најголемите холивудски актери, бил подготвен својот живот да го даде за животот на …