Македонскиот стрип дел од проектот „CAN FOR BALKANS“

Стрип центарот на Македонија-Велес започна со локалната имплементацијата на мегународниот проектот CAN(Comic alliance Networking)  FOR BALKANS- финансиран од страна на програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА’-подпрогама за култура на Европската унија.Носител на овој неколкугодишен проект е Музеј на историјата во округот Брашов-Романија, а освен македонскиот стрип центар, партнери во овој проект се:Белгискиот стрип центар од Брисел, потоа нашите стари пријатели од Стрип училиштето „Никола Митровиќ Кокан“ од Лесковац,Србија ,како и Државниот историски музеј од Тирана ,Албанија.

“…Основа на овој проект е историскиот стрип во наведените земји-вели Томе Трајков, програм координатор во СЦМ и додава… што му додава додатна важност во две насоки :афирмирање на социјалната примена на стрипот( во овој случај националната историја) како и мегународната размена и соработка

Благодарни сме  што РС  Македонија е дел од овој проект .Истиот претставува континуитет на нашата мегународна соработка со сите партнерски земји.Во кратки црти ,активностите  од овој проект се сведуваат на :

 

А) истражувачки активности на тема историскиот стрип

Б) мегународен тематски стрип конкурс  од областа на историските јунаци ,којшто ке се објави наесен 2021 г

В)организирање на неколкудневни тематски настани и изложби во опфатените земји ,  со посетеност од преку 50 стрип автори. Во нашата земја таков настан ќе се организира во крајот на месец август,се раѕбира во Велес.

Не криеме дека еден од бенефитите е токму логистичката поддршка на организациите партнери и стимуланс за професионална работа во интерес на развојот на ,светски познатата 9 та уметност кај нас…“ завршува  Трајков.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Националната опера и балет во чест на „Мајските оперски вечери“ со серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“

Месецот мај за Националната опера и балет е од особено значење, месец во кој се …