КОРОНАВИРУС- Во Италија четири лица починале после вакцинирање со АстраЗенека

Тешки несакани ефекти биле потврдени во 0,04 проценти од случаите
Четири лица во Италија починале од ретки тромби, откако биле вакцинирани со вакцината АстраЗенека, се вели во извештајот на националната фармацевтска агенција АИФА.
Според извештајот на АИФА, различни несакани ефекти биле потврдени во 0,5 проценти од 9 милиони дози инјектирани помеѓу 24. декември и 26. март, со употреба на вакцини од сите тројца производители – Фајзер, АстраЗенека и Модерна.
Тешки несакани ефекти биле потврдени во 0,04 проценти од случаите. Лесните несакани ефекти се потврдени по администрацијата на сите три вакцини, според АИФА. Најчесто, ова биле симптоми како што се грип, болка на местото на убодот и замор.
Како и многу европски земји, Италија во март накратко престана да вакцинира со АстраЗенека кога се појави загриженост за појава на тромби. Оттогаш, тие повторно започнале да вакцинираат со таа вакцина, но само луѓе над 60. години, бидејќи европските регулатори заклучиле дека придобивките од вакцинацијата се многу поголеми од ризиците.
Во Италија, 11. лица развиле еден од двата вида на згрутчување на крвта откако ја примиле вакцината АстраЗенека – тромбоза на церебрален венски синус (CVST) и тромбоза. Од тие 11. лица, четворица починаа, се вели во извештајот.
АстраЗенека објавила дека проучува за да ја разбере природата на овие индивидуални случаи и истражува “можни механизми што можат да ги објаснат овие исклучително ретки појави”.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …