(ВИДЕО) ДАНСКА – Претставничката на Агенцијата за лекови се онесвестила за време на прес конференцијата за престанување на вакцинацијата со „АстраЗенека“

На снимката од конференцијата е снимен моментот кога Ериксен ја изгубила свеста, додека генералниот директорот на Данските здравствени органи Сорен Бростром држел говор.
Претставничката на Данската агенција за лекови, Тања Ериксен се онесвестила за време на прес-конференцијата по повод одлуката на земјата да престане да ја користи вакцината „АстраЗенека“.
Превентивно била пренесена во болницата и наводно се опоравила, пренесува Њујорк пост.
Видеото од конференцијата го забележал моментот кога Ериксен ја изгубила свеста, додека генералниот директор на Данските здравствени органи, Сорен Бростром, држел говор. Бростром реагирал брзо, а тројца мажи дошле на помош и ја свртеле настрана.


Да потсетиме, Данска вчера донесе одлука да стане првата земја во Европа што целосно ја запре вакцинацијата со оваа вакцина. Во земјата се пријавени два случаи на згрутчување на крвта, од кои едниот завршил со смрт, а станувало збор за 60-годишна жена.
„Врз основа на научните сознанија, нашата целокупна проценка е дека постои ризик од сериозни несакани ефекти поврзани со употребата на вакцината Ковид-19 од „АстраЗенека“, рекол Сорен Бростром, генерален директор на Данските здравствени органи.
Тој додаде дека поради тоа е одлучено таа вакцина да се отстрани од планот за вакцинација.

Фото: Принтскрин/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зошто некои луѓе нè НЕРВИРААТ БЕЗ БИЛО КАКОВ ПОВОД? Психолозите даваат објаснување!

Одговорот на ова прашање всушност лежи во нас самите Речиси секој знае некои луѓе кои …