(ВИДЕО+ФОТО) ТАЖНО – На новинарка и починал двегодишен син: „Не го загубив само детето туку и мајчинството!“

Двегодишниот син на Рене Марш,новинарка на Си-Ен-Ен, ја изгубил битката со сериозно заболување. На малото момче во декември 2019 година му бил дијагностициран карцином на мозок, но и покрај сите напори на лекарите, момчето починало.
Рене тажната вест ја потврдила на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rene Marsh (@rene_marshcnn)

„За мојот драг Блејк, или Блејки, како што го викав. Во твоите 25 месеци. живот, ти ме научи што е сила и колку имам резерва”, започнала таа.
„Јас дури и не знаев дека можам да издржам толку многу. Ти ме научи што е вистинска љубов, што никогаш порано не сум ја почувствувала. Ме инспирираше да продолжам кога решив да се откажам. Ми помогна да поставам приоритети во животот”

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rene Marsh (@rene_marshcnn)

„Јас се сменив засекогаш поради тебе, син ми. Се чувствувам благословено и почестено што бев твоја мајка. Би сакала да имавме повеќе време заедно, но јас сум благодарна за времето што го имавме”.
„Не само што го изгубив синот, туку и сите соништа и надежи што ги имав како мајка. Го изгубив мајчинството и сега тагувам за сè. До крајот на животот ќе се посветам на борбата против ракот кај децата. Ова ќе го сторам не само за да ги поштедам другите родители од оваа неподнослива болка, туку и да те славам засекогаш, Блејк. Твојот живот не беше залуден, мој сладок ангелу. Мама те сака и со нетрпение чекам да те држам и да те бакнам кога повторно ќе се сретнеме“, заклучила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rene Marsh (@rene_marshcnn)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ГОРДОН РЕМЗИ ОЧАЕН: Ќерка му влегува во реално шоу а еве како се подготвува во бикини!

Холи Ремзи, ќерка на познатиот готвач, донела одлука да влезе во реално шоу. Холи, ќерката …