ТАЖНА ВЕСТ: На 46 години починал поранешниот македонски репрезентативен голман Гоце Груевски

На 46-годишна возраст во Австралија почина поранешниот македонскиот репрезентативен голман Гоце Груевски.
Груевски ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот фудбал, според по настапите во националниот тим на Македонија.


Во својата фудбалска кариера Груевски настапуваше за прилепска Победа, Слога Југомагнат, Работнички, Беласица и Вардар, а кариерата ја заврши во австралиски Престон каде потоа остана да работи како тренер на голманите, се’ до неговата ненадејна смрт.

Австралискиот клуб со жалење и преку социјалните мрежи се збогуваше од Гоце Груевски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познати противниците на нашите ракометари: Македонија ќе игра во Дебрецин

Македонската машка ракометна репрезентација ги доби противниците за престојното Европско првенство 2022 година. Кирил Лазаров …