Заборавете на кремите за ПОДМЛАДУВАЊЕ! На вашата кожа и треба само – ВИТАМИН Ц!

Витаминот Ц ја храни нашата кожа, и дава еластичност и ги отстранува трагите на стареење. Затоа во моментов е најпосакуваната состојка во кремите, серумите и маските за подмладување затоа што покрај затегнување на кожата и нејзино измазнување, витаминот Ц ја чисти и хидрира кожата.
Дали ги забележавте првите брчки на вашата кожа? Помалку несовршености или вашата кожа изгледа уморно и дехидрирано? Сето ова се само некои од проблемите со кожата на лицето кои можат да се решат, не со скапи креми, третмани или разни полнила, туку само со една состојка – витамин Ц.
Ако се прашувате кога е вистинското време да нанесете витамин Ц, одговорот е дека никогаш не е рано да изгледате помладо! Дваесеттите години се одлични години за секоја жена затоа што дури и најосновната нега е повеќе од доволна за нашата кожа да нема посебни проблеми. Сепак, веќе со преминот кон новата деценија, се чини дека се појавуваат првите вистински проблеми со кожата.


Така, за повеќето од нас, по 30-та година од животот, започнува периодот на пребарување на „најдобриот крем за лице 30+“, крем кој ги намалува трагите на стареење, но исто така го храни и хидрира нашето лице. Покрај брчките, а во врска со нив, во овој период често започнуваат проблеми со сувата кожа кои остануваат без сјај. Тогаш е вистинското време да се примени витамин Ц во нега на лицето за убавина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …