(ВИДЕО+ФОТО) Надал во центарот на скандал: „Тоа беше злостор протов неговото величеството!“

Хакерската група „Елегантни мечки“, за која се верува дека е од Русија, објавила податоци за олимпијците од Рио, а на списокот се нашло и името Надал.
Тие тврделе дека на Надал му било дозволено да настапува со употреба на недозволениот бетаметазон во септември 2009. година, додека тој користел тертакостацид од јули до август 2012. година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

Надал тогаш стигна до полуфиналето во Пекинг, финалето во Шангај, полуфиналето во Париз (загуби од Ѓоковиќ со 6:2, 6:3), додека забележа три порази на Завршниот турнир (еден од Новак). Сепак, седум дена подоцна, тој го освои Дејвис купот со Шпанија против Чешка.
Тука е и познатиот скандал од 2013. година, кога тогашната министерка за здравство и спорт на Франција, Розалина Бачелот, го обвини за употреба на допинг. Според нејзиното образложение, тој не бил фатен во допинг, бидејќи ја имал „познатата повреда“ поради која не играше седум месеци.
„Во тенискиот свет не се открива јавно кога некој бил фатен како користи допинг, ниту колку казна добил, но сè е познато кога играч одеднаш не игра на турнири неколку месеци. Надал имаше „позната повреда“ во 2013 година, поради која не играше седум месеци, но знаеме дека тој всушност беше позитивен на допинг тест“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal)

Тогаш Надал дал кратко соопштение.
„Јас сум потполно чиста личност. Верувам во спортот и неговите вредности. Никогаш не сум криел ништо во мојата кариера. Јас сум пример за децата, и ако направам нешто лошо, тогаш би се лажел себеси, а не своите ривали. Отсекогаш сум бил транспарентен. Во тоа време, јас правев PRP метод за закрепнување на коленото, рече Надал, а подоцна ја тужел и Бачело.
Францускиот тенисер Жил Симон во својата автобиографија зборуваше за допинг.
Нејзиниот наслов „Овој спорт што ве полудува“ ја открил деловната соработка помеѓу Рафаел Надал и славниот доктор Еуфемијан Фуентес, и тоа не би претставувало проблем доколку овој славен стручњак немал необична биографија, но и досие!
На многумина им е познато дека Фуентес дури беше и во затвор поради скандал со шпанскиот велосипедски тим. Познато е дека велосипедизмот не успеваше да се избори со скандалите со допингот со децении, па затоа во големите чистки, повеќе од 90. проценти од велосипедистите кои ја завршија „Тур д’Франса“ беа во програмата за систематско користење на супстанции кои го подобруваат ефектот.

Надал негирал сè, а Симон добро се сеќава на периодот во кој исто така ја „подгреал“ оваа приказна.
„На некои им беше тешко во тоа време да поимат дека Рафаел Надал може да биде подобар од Роџер Федерер. Поради тоа и ширевме гласини дека се допингува. Надал не се вклопуал во профилот на тенисер. Ете, никогаш не разговаравме за градбата на Роџер Федерер, кој нема што многу да му позавиди на Надал. А потоа во Австралија, на 35-годишна возраст, тој одигра пет сета, што е неверојатно … Но, никој не обрна внимание на тоа“, напишал искрениот Жил Симон.
Надал во повеќе наврати јавно се закануваше дека ќе ги тужи сите што го обвинуваат за допинг, но фрлена е сенка на некои од неговите успеси

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Многу причини за радост – ДВА гола, ДВА милиони денари од МOZZART!

Погодоците на Пандев и Алиоски на ЕУРО 2020 донесоа голема радост на цела нација, но …